Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нетанјаху: Иран и Хамас ќе платат „полна цена“ по заканите со регионална војна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска предупреди дека Хамас и Иран ќе ја платат „полната цена“ поради заканите со регионална војна од лидерот на Хамас, Салех ал-Ароури.

-Хамас и другите ирански помошници многу добро сфаќаат дека ќе ги искористиме сите средства за да се бориме против нивните обиди да промовираат тероризам против нас, во Јудеја и Самарија (Западниот брег), во Газа и на кое било друго место, рече Нетанјаху на почетокот на денешната седница на неговата влада.

„Кој ќе се обиде да ни наштети, кој финансира, организира, испраќа терор против Израел, ќе ја плати полната цена“, додаде израелскиот лидер.

Истата порака Нетанаху ја испрати и минатата недела по двата палестински вооружени напади на окупираниот Западен Брег во кои беа убиени тројца Израелци. Израел ги обвини и Хамас и Иран за нападите, тврдејќи дека Техеран ги финансира.

Ал-Ароури, заменик-лидер на политичкото крило на исламското екстремистичко движење Хамас, кое владее со Појасот Газа, се закани дека „екстремистичката“ влада на Израел ќе претрпи голем пораз што ќе доведе до повлекување од целиот Западен Брег.

-Лидерите на окупаторската влада со својата екстремистичка политика ќе предизвикаат сеопшта војна во регионот, рече Ал-Ароури, пренесоа денеска израелските медиуми.

Нетанјаху денеска додаде дека ги слушнал „празните зборови“ на високиот функционер на Хамас од неговото скривалиште во Либан, а кој „добро знае зошто тој и неговите колеги се кријат“.

-Би сакал да апелирам и до граѓаните на Израел: Се соочуваме со бранови на тероризам, надворешен и внатрешен“, рече Нетанјаху, оценувајќи дека ова е „предизвикувачко време“.

Тој повика на обединување на силите против тероризмот и надворешните и внатрешните закани, за кои кажа дека ги организираше Иран преку своите помошници.

-Ако застанеме заедно, ќе победиме. Ова е мојот повик до сите членови на Владата, пратениците и сите граѓани на Израел, додаде Нетанјаху. 

Зачлени се на нашиот е-билтен