Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го опиша како историски ден за Блискиот Исток паѓањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
„Режимот на Асад е централната алка во иранската оска на злото – овој режим падна“, рече Нетанјаху за време на посетата на планината Бентал на границата на Израел со Сирија, објави „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху тврди дека ова е директен резултат на нападите на Израел врз Иран и Хезболах, главните поддржувачи на режимот на Асад.