Израел е „на чекор до победа“ во војната против палестинското движење Хамас во Појасот Газа, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, точно шест месеци по почетокот на војната.
„Ние сме на чекор до победата. Но, цената што треба да се плати е болна“, рече Нетанјаху на состанокот на владата.
Израелскиот премиер нагласи дека нема да има примирје без ослободување и враќање на заложниците.
Во Каиро денеска ќе се одржи нова рунда мировни преговори на кои покрај двете завојувани страни ќе учествуваат и меѓународните посредници – САД, Катар и Египет.