Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нетанјаху: Ние сме во пикот на борбата во Газа, имаме импресивен успех и напредуваме

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека битката во Газа е „во својот пик“ и дека израелските сили ја поминале периферијата на градот Газа. 

„Ние сме во пикот на борбата. Постигнавме импресивен успех и ја поминавме периферијата на градот Газа. Напредуваме“, соопштија од  кабинетот на Нетанјаху, но, како што пренесува Би-Би-Си, во соопштението не се дадени дополнителни детали.

Израел претходно денеска го гранатираше бегалскиот камп Буриџ во центарот на Газа. 

Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, истакна дека на возилата на цивилна одбрана и тимовите за итни случаи им е тешко да пристапат и да ги расчистат урнатините. Под урнатините наводно се заробени десетици лица, а нападот  создал голем кратер и сериозно оштетил неколку околни згради. 

Покрај тоа, одбранбените линии на Хамас во северниот дел на Појасот Газа продолжуваат да паѓаат, додека неговите членови се повлекуваат на југ кон центарот на енклавата. 

Според портпаролот на израелската армија Даниел Хагари, израелските војници продолжуваат да ги уништуваат одбранбените линии на Хамас на северот на Појасот Газа и да ја преземат контролата врз централните области. Хагари тврди дека израелските сили имаат „надмоќ “ во секоја конфронтација. 

Зачлени се на нашиот е-билтен