Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборуваше за ситуацијата во Иран, велејќи дека Израел внимателно ги следи случувањата во таа земја.
Зборувајќи на почетокот на состанокот на израелскиот кабинет, Нетанјаху рече дека протестите за слобода се прошириле низ Иран и ја пофали храброста на иранските граѓани.
„Протестите за слобода се проширија низ целата земја. Народот на Израел, но и целиот свет, со восхит гледа на огромната храброст на граѓаните на Иран. Сите се надеваме дека персискиот народ наскоро ќе биде ослободен од јаремот на тиранијата“, рече Нетанјаху.