Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нетанјаху подготвен за привремен прекин на огнот со Хезболах, јави израелски весник

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го овласти министерот за стратешки прашања Рон Дермер да ја информира американската администрација дека Израел е подготвен да преговара за привремен прекин на огнот со Хезболах во Либан, пренесува денеска агенцијата Анадолу повикувајќи се израелскиот весник „Израел Хајом“.

Според весникот Израел Хајом, САД и Франција иницирале запирање на тековниот конфликт меѓу Хезболах и Израел и побарале 21 прекин на огнот за преговори.

Политички извор, кој не е именуван во извештајот, вели дека Израел покажал подготвеност да преговара, и покрај тоа што верува дека шансите за успех на американско-француската иницијатива се мали.

Во извештајот се посочува дека Нетанјаху го задолжил Дермер да ги извести американските власти за подготвеноста на Израел да разговара за привремен прекин на огнот во Либан.

Политичкиот извор истакна дека израелските оценки укажуваат на мала веројатност иницијативата да биде завршена, додавајќи дека „отфрлањето на Насрала ќе му даде на Израел легитимитет да ги интензивира своите воени операции против либанската група“.

Нема коментар ниту од Израел, ниту од Хезболах во врска со извештајот.

Слични најави пристигнаа и од текевизијата Н21 која објави дека Израел дал зелено светло за прекин на огнот со либанската шиитска милиција Хезболах.

Целта е да се преговара за потраен договор, објави N12, цитирајќи неименуван соработник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

ДПА, пак, пренесе дека нема официјална потврда за ова и дека портпаролката од канцеларијата на Нетанјаху не дала таква изјава.

Израел започна бранови смртоносни воздушни напади врз Либан од понеделник наутро, при што загинаа речиси 610 луѓе, а беа повредени над 2.000 други, според либанските здравствени власти.

Хезболах и Израел се вклучени во прекугранична војна од почетокот на израелската војна против Газа, во која загинаа над 41.400 луѓе, главно жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас минатиот 7 октомври.

Меѓународната заедница предупреди на нападите врз Либан, бидејќи тие го зголемуваат сеништето за регионално ширење на конфликтот во Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен