Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има траен прекин на огнот во Газа додека не се уништат воените и управувачките способности на Хамас.
Ова е втора изјава на Нетанјаху објавена откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел предложил план од три фази за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување заложници од страна на Хамас.
– Условите на Израел за завршување на војната не се променети: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел, рече Нетанјаху.
– Израел ќе продолжи да инсистира да се исполнат овие услови пред да се воспостави траен прекин на огнот. Идејата дека Израел ќе се согласи на траен прекин на огнот пред да се исполнат овие услови е исклучена, додаде тој.