Спротивно на извештаите, единствената пречка за ослободување на заложниците е Хамас, а не некој фактор на израелска страна, соопшти вечерва кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Нејасно е на какви извештаи се повикува.
– Меѓу другото, Хамас бара прекин на војната и целосно повлекување на ИДФ од Појасот Газа. Кабинетот и безбедносните сили се обединети во нивното противење на овие заблуди барања, се вели во соопштението.
– И покрај широкиот мандат што преговарачкиот тим го доби од премиерот и кабинетот, Хамас до ден-денес одбива каков било договор и каков било компромисен предлог, тврди официјален Тел Авив.
– Упатствата на политичкиот ешалон беа дадени по консултација со преговарачкиот тим со цел да се ослободат нашите заложници и да се одржи безбедноста на Израел, без никакви други размислувања, стои во соопштението на кабинетот на Нетанјаху.