Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Невработеноста во Италија во јануари 7,2 отсто, најниска во последните 16 години

Стапката на невработеност во Италија во јануари изнесуваше 7,2 отсто, исто како и во декември, што значи дека и понатаму е најниска во последните 16 години, објави денеска италијанскиот национален институт за статистика (Истат).

Бројот на невработени Италијанци се намали за 4.000 месечно на приближно 1.838 милиони луѓе, додека во исто време, бројот на вработени лица се намали за 34.000 на 23.738 милиони.

Ако ги споредиме последните податоци со периодот од пред една година, бројот на вработени Италијанци е зголемен за 1,62 отсто или за 362.000 лица во однос на јануари 2023 година.

Невработеноста кај младите Италијанци на возраст меѓу 15 и 24 години незначително се зголеми од 21,6 отсто на 21,8 отсто, но и понатаму е на рекордно ниско ниво.

Евростат денеска објави дека стапката на невработеност во еврозоната во јануари изнесувала 6,4 отсто и сега е на историско најниско ниво. 

Зачлени се на нашиот е-билтен