Независните одрганизации со обвинување: Не сме консултирани за измените на Законот за локална самоуправа

Претставници на Здружение O2 Иницијатива, Граѓанската иницијатива Шанса за Центар и Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош, денеска до Собранието поднесоа 20 предлози за амандмани на измените на Законот за локална самоуправа, во прво читање, кој во среда е ставен на дневен ред на пленарна седница. 

Невена Георгиевска, независен оратеник во Карпош, изјави дека тие не биле консултирани при подготвката на измените и дека своите забелешки ги доставиле на ЕНЕР, но оти ниту еден од предлозите не им бил прифатен. 

Како што посочуваат од невладините организации, Законот за локална самоуправа се менува после 23 години, а консултации биле одржани со градоначалниците, но не и со членовите на советите на општините, кои покрај градоначалниците се другиот орган на општината. 

Георгиевска кажа дека најголем дел од предлозите се поврзани со транспаретноста на општините односно како граѓаните полесно да дојдат до информација во општините. 

„Податоци кои според Законот за информации од јавен карактер треба да бидат поставени на страната. Тоа зависи од општина до општина. Затоа сакаме да се стави точно кои општини треба да бидат доставени. Во однос на работата на советниците, соочени сме исто со проблем на недобивање на информации како советници. Од таа причина бараме да биде законски одлучено во колкав рок треба да ни бидат доставени тие одговори и да не биде тоа сведено на статутите или деловниците од општините, туку да бдие законско решение“, рече таа. 

Со амандманите се предвидени и прекршочни казни доколку информациите во соодветен рок не се достават до советниците. 

Зачлени се на нашиот е-билтен