Најмалку 50 луѓе загинаа, а неколку беа киднапирани кога вооружени мажи го нападнаа селото Јаргоје во северозападна Нигерија, изјавија денеска жители на тоа село.
„Десетици вооружени мажи на мотори упаднаа во селото во областа на локалната самоуправа Канкара во државата Кацина доцна во неделата“, изјави локалниот жител Хасан Јау.
Тој додаде дека не се знае колку селани се киднапирани или колку имоти се ограбени.
Една година откако нигерискиот претседател Бола Тинубу дојде на власт, ветувајќи дека ќе стави крај на широко распространетата несигурност, нападите на вооружените банди во северозападниот дел на земјата станаа речиси секојдневна појава.