Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Никој веќе не спомнува „рачиња во мед“ – На иста маса ќе седнат Арсовска, Мицкоски и Перински

По драматичната недела, и најавата за преземање и поставување владин повереник во Јавните претпијатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“, денеска ќе се случи долгоочекуваната средба на релација премиерот Христијан Мицкоски со скопската градоначалничка Данела Арсовска, ќе се случи во текот на денешниот ден, во 15.300 часот.

Средбата е прва по преземањето на премиерската функција на Мицкоски, но и прва средба за која јавноста е запознаена по расколот во 2022 година меѓу скопската градоначалничка и ВМРО-ДПМНЕ, чија поддршка доби на локалните избори една година претходно.

Ова следува откако премиерот им даде „разумен рок на Арсовска и претпријатијата да почнат со работа“ пред Владата да им ги предаде ингеренциите на скопските општини на ЈП „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, како што неодамна едногласно побараа скопските градоначалници.

„Ве известуваме дека денеска 19.08.2024 година (понеделник) во 15:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе остварат средба со Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје во просториите на Владата. По завршување на средбата, изјава за медиуми ќе даде Министерот за локална самоуправа Златко Перински“, се вели во владиното соопштение.

Како што е познато, во петокот од Кабинетот на Арсовска нагласија дека раководството на град Скопје е подготвено веднаш да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата.

-За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.

Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.

Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје”, се вели во нејзината објава на фејсбук.

Ова на некој начин најавува крај на судирот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, ако воопшто и беше судир, и крај на театарот со функционирањето на јавните претпријатија во градот. Откако имаа средба другите градоначалници на Скопје и практично само три-четири дена откако Мицкоски најави дека е подготвена за соработка во интерес на граѓаните, кои пак не беа битни додека ВМРО-ДПМНЕ не беше на власт, градоначалничката прифатила средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега таа ги блокираше броевите на сите градоначалници, се криеше од поранешната министерка за култура од СДСМ кога и нудеше помош за Универзална сала, не правеше никаков обид да ги обнови односите со ВМРО-ДПМНЕ за да нема хаос во Скопје, а од некоја причина преку ноќ прифати да ги нормализира односите со Мицкоски. Или не биле скарани толку колку што сакаа да изгледа, или и се закануваат со нешто, или и понудиле подобра позиција од таа што ја има сега.

Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ откако по разрешувањето на двајца функционери лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски се стави во одбрана на Секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски, како и тогашниот в.д директор на ЈП „Водовод и канализација“ Перински кои беа разрешени од функцијата во врска со тендерот за изведба на Пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, за кои Арсовска рече дека ги фатила со рачињата во медот.

Зачлени се на нашиот е-билтен