„Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. За време на изборнат камапња Александар Николоски жестоко критикуваше дека патот Градско-Дреново не е до никаде, за денес да објави фотографија дека е речиси готов“, пишува денеска во објавата на СДСМ.
Од партијата уште пишуваат дека „кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат а министерот Бочварски и противкандидатот на Николоски, претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од разрушени карпи како доказ дека СДСМ лаже. Сега Николоски со практично идентични снимки од СДСМ се фали дека го завршил патот“.
„Лицемерието на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ и потребата да се фалат со проекти на СДСМ наликува на сцена од комедија. Патот Градско-Дреново е целосно резултат на работата на СДСМ и Николоски може единствено да оди да се слика кога тој ќе биде пуштен во употреба“, се истакнува во текстот на социјалните мрежи.
Од СДСМ на граѓаните им ги поставија на увид линковите за тоа како известуваа од партијата за експресниот пат Градско-Дреново и како реагираше Николоски.