Николовски ќе бара пари од ЕУ за реконструкција на пругата Скопје–Кичево

Владата иако постојано работи со негативен предзнак на интеграцијата со ЕУ, сепак тоа денес министерот Николовски не го спречи да каже дека сака да разговора со ЕУ за грант од 5,3 милиони евра за изработка на физибилити студија, идејни проекти, проценка за влијание врз животната средина и нацрт-апликација за инвестициски грант.

ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција и ќе избере консултант за изработка на документацијата, која, според стандардите на Банката, треба да биде готова за 18 месеци – по што ќе стартува самата реконструкција.

Владата донесе одлука за целосна реконструкција на железничката линија Скопје–Кичево, соопшти министерот за транспорт и врски Александар Николоски. „Ова е следната точка во обновата на железничката инфраструктура. Во моментов по линијата практично не може да сообраќаат возови. Ќе ја реконструираме, ќе ја електрифицираме и ќе поставиме нова сигнализација,“ рече Николоски.

Министерот нагласи и дека новата пруга ќе оди по постојната траса, што треба да спречи дополнителни трошоци и застои во градбата. „Со ова решение добиваме побрза и поефикасна реализација,“ додаде Николоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен