Ништо од претседателската кандидатура за 2027. година – Која е Марин ле Пен?

Фото: Global Panorama/Flickr

Францускиот суд денес забрани Марин ле Пен да се кандидира за јавна функција следните пет години поради обвиненијата за злоупотреба на фондови на Европската унија, што претставува значаен удар за нејзините амбиции за претседателски избори во 2027 година и голем земјотрес за француската политика.

Лидерка на крајнодесничарската Партија Национален фронт (РН), Марин ле Пен, прогласена е за виновна за злоупотреба на европските фондови. Се предвидуваше дека таа ќе биде голема конкуренција на претседателските избори 2027 година, бидејќи води во анкетите, иако сега оваа пресуда ја остава без шанси за кандидатура.

Ле Пен, која се изјасни дека 2027 ќе биде последен пат кога ќе се кандидира за највисоката позиција во земјата, ги обвини обвинителите дека сакаат нејзината „политичка смрт“, тврдејќи дека се во тек со заговор за спречување на нејзината партија да дојде на власт.

Кој е Марин ле Пен?

Марин ле Пен се три пати кандидирала за претседател на Франција. Таа стана главен противник на Емануел Макрон, двапати кандидирајќи се против него, секој пат завршувајќи на второ место.

Нејзината партија, Национален фронт, која подоцна стана Национален збор (РН), била основана од нејзиниот татко, Жан-Мари ле Пен, 1972 година. Марин ја презела партијата во 2012 година, благиот ја ублажила реториката и го зголемила нејзиниот рејтинг, но тоа и донело расправии со татка и, кој ја обвини за „слабост“ и за „предавство“ на десницата. Таа го избркала од партијата 2015 година.

Во јуни минатата година, Националниот збор на европските избори освоил 31% од гласовите и 30 од 81 пратеничко место, што е повеќе од партијата на Макрон, „Ренесанса“. На вонредните парламентарни избори на 30 јуни, нејзината партија освоила повеќе од десет милиони или 33% од гласовите.

Позната по своето евроскептицизам, како и антимигрантските и антимуслиманските ставови, политичката кариера на Марин ле Пен била обележана и со скандали околу кредитите кои ги добивала од руска банка.

Марин ле Пен е родена 1968 година, како најмлада ќерка на Жан-Мари ле Пен, поранешниот лидер на екстремната десница и основач на партијата Национален фронт. Нејзиното детство било обележано со политичката кариера на татка, кој бил познат по контроверзни ставови и по бомбашки напад на неговиот дом во 1976 година.

„Тој ден отидов на спиење како и многу девојчици на моите години. Но кога се разбудив, повеќе не бев девојка како другите“, напишала таа во својата автобиографија.

Политичката кариера на Ле Пен започнала во 1998 година кога станала регионален советник, а од 2004 година е член на Европскиот парламент. Во 2003 година стана потпретседател на Националниот фронт, а во 2007 ја предводела претседателската кампања на својот татко.

По професија е адвокатка, двапати разведена и има тројца деца.

Зачлени се на нашиот е-билтен