Нормализиран сообраќајот на патот Струга – ГП Ќафасан

Фото: X/@gilotinja

АМСМ информира дека Денес 08.01.2026 г. граничниот премин Богородица, односно ГП Евзони од 17 часот ќе биде затворен за сите видови на возила. Поради протест на грчките земјоделци, од денес 08.01.2026 г. со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 г. во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Во информацијата на АМСМ се наведува дека од 11.00 часот сообраќајот на патниот правец Струга- ГП Ќафасан е нормализиран за сите видови возила, односно укината е забраната за ТМВ и ТТМВ.

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – П.Шапка од 09:25 ч се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег кој не се задржува има и на ПресекаСмојмирово и Демир Капија.

На патниот правец М. Каменица – рудник Саса поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.

На магистралниот патен правец А3 Битола – Ресен на самиот влез на градот Ресен поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, на учесниците во сообраќајот им се се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Исто така на патниот правец Р1307 Царев Двор – Стење поради обилните врнежи од дожд и можно излевање на локалните реки се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Зачлени се на нашиот е-билтен