Нов „Марш на ангелите“: Мајките на загинатите деца со потресни повици за поддршка

Денеска повторно е најавен мирен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, преку кој бараат правда и неселективна одговорност за изгубените животи на нивните блиски.

Верица Трифунова, мајка на загинатата Моника Спасова, испрати повик до граѓаните пред маршот. Таа побара поддршка од сите граѓани во државата – заедно да кажат „стоп“ на криминалот, корупцијата и насилството.

Зачлени се на нашиот е-билтен