Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов мост ги поврзува Босна и Херцеговина и Хрватска

Фото: Влада на Федерација Босна и Херцеговина

Импресивен мост долг околу еден километар, покрај Чаплјина во јужниот дел од Босна и Херцеговина беше пуштен во употреба минатата недела.

Ленатата на мостот ја пресече премиерот на ентитетот Федерација на Босна и Херцеговина, Нермин Никршиќ, како и министерот за транспорт и врски на ентитетот, Андријана Катиќ на церемонија на која присуствуваше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Мостот, кој се протега од реката Неретва кај Почитељ и се нарекува Херцеговина е дел од новиот автопат долг 11 километри кој се поврзува со автопатот А1 во Хрватска.

Босанската премиерка Борјана Кришто вели дека инаугурацијата на овој мост е историски настан за Босна и Херцеговина.

„Мостот е клучна точка во транспортното поврзување помеѓу Босна и Херцеговина и Европската Унија“ изјави Кришто, заблагодарувајќи се на хрватскиот премиер Пленковиќ, кој е во дводневна посета на Босна и Херцеговина.

Мостот Херцеговина е долг 980 метри и висок близу 100 метри. Трошоците за неговата изградба се нешто повеќе од 100 милиони евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен