Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов проект на ЦИВИЛ: Зелен форум – дебатна платформа за клучните зелени прашања

„Зелен форум“ е проект на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) чија цел е да обезбеди платформа за дебата за клучните зелени прашања, што понатаму ќе послужи како ресурс за понатамошно креирање и имплементација на зелени политики и практики.

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво. Последниве години, фокусот на пошироката јавност, медиумите, граѓанското општество, па и академската фела е насочен кон оживување на темите поврзани со зелените прашања, нивно разбирање и промовирање.

Сепак, пост-ковид периодот, економската криза, руската агресија против Украина, но и чекорите кон ЕУ, ги отворија вратите, не само за креирање стратегии, туку и за инвестирање и имплементирање на проекти што ќе придонесат кон зелената транзиција на земјата.

Но, останува прашањето има ли државата капацитет и кои се факторите за одржување на зелените прашања и агенди?

Има многу планови и стратегии за зелена иднина на Северна Македонија. Преку „Зелен форум“, ЦИВИЛ ќе придонесе кон идентификување на позитивните и негативните социополитички фактори на патот кон зелената иднина на земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново