Нова книга на Љубомир Данаилов Фрчкоски на англиски: „Negotiation in identity conflicts“

Издавачката куќа „Три“ ја објави на англиски јазик новата книга на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски со наслов „Negotiation in identity conflicts“ (Преговори во конфликти на идентитети).

Со ова издание, Фрчкоски дава значаен придонес во развојот на дипломатијата за градење мир, превенција на конфликти и одвраќање од злосторства против човештвото, внесувајќи знаење и практични вештини во овој клучен превентивен процес.

Знаењето акумулирано во книгата е основа и инспирација за изработка на Насоки на Обединетите нации за политики за промовирање дијалог и медијација во спречување на геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Станува збор за прирачник со препораки како да се обучуваат медијатори за дијалог во преговарачки процес, поддржан во 2023 година од Алис Ваириму Ндериту, помошник-генерален секретар и специјален советник за спречување на геноцид при UNOSPGA во Њујорк.

Зачлени се на нашиот е-билтен