Вишиот суд во Нови Сад донесе нова првостепена пресуда за трагичното уривање на натстрешницата на Железничката станица, наложувајќи им на „Инфраструктура железнице Србије“ и на државата Србија да исплатат висока оштета на уште едно семејство на загинати.
Според пресудата од 20 октомври 2025 година, тужителите Р.З. и Р.З. треба солидарно да добијат по 13 милиони динари (околу 110 илјади евра) за претрпена душевна бол поради смрт на близок, како и по 1 милион динари (околу 8 илјади евра) за претрпен страв. Оштетата треба да биде исплатена со законска камата во рок од 15 дена од приемот на пресудата.
Судот ги задолжи тужените да ги надоместат и трошоците за парничната постапка. Пресудата е жалбена пред Апелациониот суд во Нови Сад.
Втора пресуда за истата трагедија
Ова е втора судска одлука поврзана со несреќата. Првата пресуда беше донесена во јули, кога три лица добија по 5 милиони динари, а една тужителка 4,5 милиони динари оштета.
Трагедијата се случи на 1 ноември минатата година, кога настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна и одзеде 16 животи, а една личност задоби тешки, трајни телесни повреди.

