Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво утре во Брисел

– Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо ниво, во која ќе учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, ќе се одржи утре во Брисел.

Домаќин на состанокот ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, а во дијалогот ќе учествува и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

На состаноците ќе се разгледа тоа што е постигнато досега во дијалогот што го води високиот претставник и ќе се фокусира на патот за напредок, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен