Битка со пожари: Кој ќе влезе во оваа шума ќе биде казнет со највисоката казна, новата забрана ги шокираше граѓаните, казните достигнуваат и над 15.000 евра

За да се спречи ширењето на пожарите во екстремно сушен период, Нова Шкотска им забрани на луѓето да влегуваат во шумските области на оваа канадска покраина.

Нова Шкотска им забрани на луѓето да стапнуваат во шумските области на оваа канадска покраина, со закана од казни до 25.000 канадски долари за оние што ќе ја прекршат оваа забрана.

Неодамна, премиерот на Нова Шкотска, Тим Хјустон, ја објави мерката како дел од зголемените напори за спречување на пожари.

„Ги ограничуваме патувањата и активностите што на повеќето од нас во моментов не ни се потребни – планинарење, кампување, риболов и употреба на возила во шумата не се дозволени. Системите на патеки за пешачење низ шумите се забранети. Кампувањето е дозволено само во официјални кампови“, рече Хјустон на прес-конференцијата

Секој што ќе ја прекрши оваа забрана може да се соочи со казна до 25.000 канадски долари, што е околу 18.160 американски долари или околу 15.500 евра.

Хјустон, исто така, ги повика пушачите да „внимаат каде ги гаснат цигарите“.

„Ако не го направите тоа правилно и предизвикате пожар, ќе бидете одговорни“, додаде тој.

Забраната доаѓа во време кога покраината е погодена од сушен период, а според министерот за природни ресурси Тони Раштон, оваа сезона веќе се регистрирани 100 пожари.

Забрането е влегување во шумите во канадската покраина Нова Шкотска за да се спречат пожари. Фото: YouTube/Printscreen

„Сите беа многу мали, но нашите тимови успеаја брзо да ги изгаснат. Сепак, ситуацијата може да се промени во еден миг. Теренот е неверојатно сув, а пожарите што ги имаме сега продираат длабоко во кореновиот систем и под земја, што го отежнува нивното гаснење и ги осиромашува нашите ресурси“, предупреди Раштон.

Тој додаде дека „само значителна количина на дожд“ може да ги промени овие ограничувања.

Премиерот Хјустон рече дека во моментов има повеќе од 700 пожари што горат низ Канада и предупреди дека „ризикот е многу, многу висок“.

Досега оваа година, според ЦБЦ, се издадени околу десет прекршочни казни за нелегално палење оган, секоја во вредност од повеќе од 25.000 долари.

Слична забрана за шуми беше воведена во 2023 година, за време на особено сушна сезона кога беа регистрирани околу 220 пожари во Нова Шкотска.

Таа година, два големи пожари уништија стотици домови. Забраната во тоа време беше на сила четири недели или додека не се подобрат условите, но беше укината по само една недела.

Во Нова Шкотска, околу 75 проценти од територијата е покриена со шуми, објавува True North Wire.

Зачлени се на нашиот е-билтен