Новак Ѓоковиќ слави во Шангај!

Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови го совлада Марин Чилиќ и се пласира во второто коло на Мастерсот во Шангај. Првиот светски рекет славеше со 7:6(2), 6:4 по 1 час и 54 минути игра.

Во првиот сет се играше гeм за гeм до тај-брејкот, каде што Ѓоковиќ доминираше, а во вториот рано направи брејк (за 2:1) и без поголеми потреси го затвори мечот.

Со овој триумф, Новак води 20–2 во меѓусебниот биланс со Хрватот. Следен ривал му е Германецот Јан-Ленард Ханфман, кој претходно го елиминираше Френсис Тијафо. Според статистиката,

Ѓоковиќ никогаш не испаднал пред четвртфинале во Шангај (само еднаш елиминиран токму во таа фаза, 2019), а минатата сезона последниот негов меч тука го доби Јаник Синер.

Зачлени се на нашиот е-билтен