Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новата палестинска Влада можно е да биде формирана до крајот на неделата, нов премиер веројатно ќе биде Мохамед Мустафа

 Новата влада на палестинската управа можно е да биде формирана до крајот на оваа недела, според палестински извори.

Претходно денеска, палестинскиот премиер Мохамад Штајех соопшти дека му ја врачил оставката на неговата влада на Западниот Брег на палестинскиот претседател Махмуд Абас, како подготовка за повоениот период, во услови на зголемен притисок на САД и меѓународен план врз палестинската самоуправа да се реформира со цел да го преземе управувањето со Појасот Газа по војната.

Израел цврсто се спротивстави на идејата и инсистира дека мора да ја задржи безбедносната контрола на крајбрежната енклава, додека администрацијата ќе биде предадена на независни локални официјални претставници.

Штајех рече дека во подготовките за следната фаза, палестинската самоуправа ќе „бара нови владини и политички аранжмани кои ќе ја земат предвид новонастанатата реалност во Појасот Газа, разговорите за национално единство и итната потреба за меѓупалестински консензус“.

Според арапските медиуми известуваат дека кабинетот на Штајех ќе остане на власт се додека не се формира нова технократска влада, која веројатно ќе ја предводи Мохамед Мустафа, актуелниот шеф на владиниот инвестициски фонд, кој порано беше заменик-премиер и министер за економија.

Зачлени се на нашиот е-билтен