Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новата учебна година не започна за помалиот син на штипјанецот Зоран Мијалков, нема образовен асистент

Новата учебна година не започна за помалиот син на штипјанецот Зоран Мијалков. Тој е родител на дете со посебни потреби и три години имал образовен асистент во Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ во Штип. Но, денеска неговиот син Никола не беше пречекан од образовниот асистен, кој му помага во текот на наставниот процес. Мијалков денеска пред медиумите истакна дека помошта од образовниот асистент е голема за неговиот син.

-Оваа година асистентка на почетокот на година нема, што значи нашите деца две до три недели ќе останат без образование. За децата со посебни потреби асистентите се важни оти имаат потреба од помош, изјави Мијалков.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска изјави дека се ќе биде во ред и со настава редовно ќе започнат и децата со посебни потреби. Посочи дека над 800 образовани асистенти денеска ги потпишале договорите за работа, а уште 200 тоа ќе го сторат во наредниот период.

Министерката Јаневска додава дека конкурсот за овие асистенти ќе трае пет дена, потоа ќе следат обуки од две недели и ќе можат да почнат со работа. Но, порача дека училиштата не смеат да ги враќаат децата со посебни потреби кои немаат образовни асистенти, туку да ги прифаќаат, бидејќи секое училиште е обврзано да има инклузивни тимови.

Зачлени се на нашиот е-билтен