Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новиот кувајтски емир положи заклетва пред Парламентот

 Новиот емир на Кувајт, шеикот Мешал ал-Ахмад ал-Сабах денеска положи заклетва пред Парламентот на земјата и со тоа формално ја презеде функцијата, откако неговиот претходник, емирот Наваф ал-Ахмад ал-Џабер Ал-Сабах почина минатата сабота.

Тој по заклетвата рече дека е неопходно „да се преиспита моменталната реалност на Кувајт“, особено во однос на безбедноста, економијата и условите за живот.

Новиот емир додаде дека досега не било можно да се види промена на курсот по кој се движи земјата.

Најново