Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новиот парк во Скопје, во населбата Карпош, како осумка или како бесконечност?

Продолжуваат градежните работи на новиот парк во Капрош 4. Овие денови е поставена и табла со основните информации за инвеститорот (Град Скопје) и изведувачите и надзорот (ЈП Улица и патишта, ЈП Паркови и зеленило и ЕОС ЕЕ Скопје).

Од поставената табла од птичја перспектива е претставен и партерниот изглед на новиот парк кој што се протега помеѓу бул. Илинден и реката Вардар, на потегот од улицата „Никола Парапунов“ до „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Пешачките патеки се обликувани како бројот осум или според симболот за бесконечност.

Инаку, во овој појас во минатото беше дислоциран шутот од скопскиот земјотрес во 1963 година, што го прави не само простор на актуелните проекти, туку и место со историја. Оваа трансформација на просторот е добредојдена, особено во контекст на зголемената потреба за зелени површини во урбаниот амбиент, каде што квалитетот на воздухот и животната средина е постојано во фокусот на вниманието.

Важно е да се напомене дека реализацијата на вакви иницијативи е неопходна за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Обновата на овој простор е само еден од многуте чекори кон создавање на поелегантно и поодржливо Скопје.

Иако проектот беше најавен од претходните градски и општински власти, Петре Шилегов и Стефан Богоев, тие своевремено не го реализираа. Ќе видиме и сегашните власти до каде ќе стигнат со негова реализација.

Секој нов парк или зелена површина е значајно додадена вредност за општеството, но потребно е континуирано вложување и грижа за овие простори, за да тие навистина станат места за одмор и уживање, а не само дел од програмите на градските власти. Како и секоја иницијатива, успехот на овој проект ќе зависи од тоа колку локалната самоуправа и самите граѓани ќе се посветат на неговото одржување и развој.

Зачлени се на нашиот е-билтен