OpenAI работи на нова алатка што ќе генерира музика од текстуални и аудио-промптови, пишува „Euronews Next“, повикувајќи се на извештај на „The Information“. Проектот вклучува и академски ангажман за анотирање партитури за да се изгради база за обука на моделот.
Паралелно, екосистемот забрзано се обликува. Спотифај соработува со Sony, Universal и Warner на „одговорни“ AI-продукти, а стартапи како Suno и ElevenLabs веќе нудат платформи за AI-музика и глас. Прашањето што стрчи пред сите иновации е старо колку и интернетот: авторските права. Европски здруженија на композитори и автори предупредуваат дека и по донесувањето на ЕУ AI Act во 2024, заштитата на творците чии дела служат за обучување модели останува недоволна.
За пазарот, потенцијалот е огромен: креатори на содржини, игростудиа, маркетинг-агенции и независни музичари би добиле полесен пристап до демо-аранжмани, саундтреци и брзи варијации. За индустријата, ризикот е двоен — разградување на вредносниот ланец и правна неизвесност околу „фер користење“, лиценцирање каталози за обука и обележување AI-содржини. Рамнотежата меѓу иновацијата и правата ќе ја решаваат судови, регулатори и — сè повеќе — договори меѓу издавачи и AI-компании.
