Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ново рекордно ниско ниво на покриеност со мраз на Антарктикот

Германскиот институт Алфред Вегенер (AWI) вчера соопшти дека покриеноста со мраз на Антарктикот достигна рекордно ниско ниво на 8 февруари, при што сателитски податоци забележаа површина од само 2,2 милиони квадратни километри мраз што го покрива Јужниот, односно Антарктичкиот Океан.

Според институтот ова е најниската количина на покриеност со мраз од почетокот на сателитското снимањето на Антарктикот во 1979 година, а летниот период на топење на јужната земјина полутопка се очекува да продолжи до крајот на месецот.

Претходниот рекорд беше покриеност од 2,27 милиони квадратни километри измерени претходната година, на 24 февруари 2022 година.

Во текот на годината, покривањето на морскиот мраз на Антарктикот го достигнува својот врв во септември или октомври и достигнува најниска точка во февруари.

Во последните шест години, на истокот и на западот на Антарктикот забележуваат сè потопли температури на воздухот.

Во првата реакција на еколошката организација Гринпис по овие најнови сознанија, како што пренесува германската новинска агенција ДПА, се предупредува дека новото рекордно ниско ниво на покриеност со мраз на Антарктикот покажува дека „климатската криза продолжува да ескалира“ и дека ова е аларм што го предизвикува продолженото користење на фосилните горива.

Зачлени се на нашиот е-билтен