Државата, пред неколку дена, издаде нова тригодишна државна обврзница, која котира на Македонската берза. Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, со датум на достасување октомври 2027 година, што значи дека поради помалата рочност, пониска е каматната стапка, која изнесува 3,95 проценти на годишно ниво.
Државата, пред десетина дена, се задолжи со 74 милиони евра кај домашните кредитори, односно банки и фондови, а овој пат домашното позајмување е 13,4 милиони евра.
Втората државна обврзница беше на сума од 9,38 милиони евра, со рок на враќање 15 години, односно земјава ќе треба да ја отплаќа сè до 2039 година, а третиот дел на државните обврзници беше на највисока сума, односно дури 31,72 милиони евра.
Исто така, станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, кои ќе се вратат најдоцна до 2039 година. За користењето на подолгорочните обврзници, каматата ќе изнесува 5,6 отсто.