Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Њујорк Тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот

– Палестинското исламистичко движење Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници кои беа меѓу 33-те за кои рече дека ќе бидат ослободени во првата фаза од предложениот договор за прекин на огнот, јави денеска Њујорк тајмс.

Во извештајот, во кој се цитирани две лица блиски до преговорите за постигнување договор, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека повеќе не се живи сите оние што требаше да бидат ослободени.

Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми.

Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласи со помалку од 40-те луѓе што првично ги бараше, со тоа што се подразбираше дека сите што требаше да бидат ослободени се живи.

Хамас синоќа соопшти дека го прифатил договорот предложен од посредниците.

Израел, пак, оцени дека договорот е многу поинаков од она на што се согласила земјата.

Претставници на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучува 42-дневно примирје и ќе ослободи 33 израелски заложници во замена за голем број палестински безбедносни затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да продолжат со преговорите со американските, египетските и катарските посредници.

Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во терористичките напади на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но се знае дека не се живи сите.

За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени 105 цивили, а пред тоа четворица.

Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 беа пронајдени, вклучително и тројца убиени по грешка од војниците.

Израелската војска ја потврди смртта на 35 заложници кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците кои дејствуваат во Газа. ј

Треба да знаете
Moже да ве интересира