Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Њујорк Тајмс уште еднаш објави дека ја поддржува Камала Харис за претседател на САД

Во уредничкот мислење објавено во вчерашното издание на Њујорк Тајмс и на нивната веб страница, Кетлин Кингсбери уште еднаш објасни зошто „Камала Харис е единствениот патриотски избор за претседателка“, како што веќе беше објавено на 30 септември.

Таа ја има поддршката на Њујорк тајмс, вели во видеото што беше објавено на сите социјални мрежи на медиумот.

Уредничката Кетлин Кингсбери објаснува на кој начин и зошто еден од најугледните весници во светот, и бездруго еден од трите највлијателни во САД, Њујорк тајмс ја одмерува трката за  претседател на оваа држава.

Таа потсетува дека секциите Вести и Мислења се различни структури во Њујорк Тајмс. Двата тима немаат координирани активности воопшто.

Њујорк Тајмс поддржува еден од кандидатите за време на секои избори. За прв пат Њујорк тајмс ја поддршка кандидатурата за претседател на Абрахам Линколн во 1860 година.

За време на тие избори со сериозни консеквенци, додека уште траеше граѓанската војна, уреднишвото на Мислења го поддржа Линколн за Белата Куќа.

„Оваа година уредничкиот колегиум ги разгледуваше темелно сите аспекти за да ги објаснат сите важни прашања на тековните избори во САД. Повторувавме еднаш, два пати, постојано и постојано дека Доналд Трамп не според темпераментот и според моралот не е соодветен да биде претседател“, истакнува Кингсбери.

Таа наведува дека, како и во сите останати новинарски задачи и за оваа во Њујорк Тајмс биле  правени многу известувања, истражувања за политичките позиции за различни прашањата на кандидатите.

„Имавме продлабочени дискусии, се потпиравме на темелни вредности и на преседани. Имавме придонес и од нашиот издавач Салцбергер. Јас лично присуствувам на митинзите и на Трамп и на Харис, разговарав со многубројни гласачи. Дојдовне до заклучок дека потпретседателката Камала Харис е квалификувана за позицијата, а Доналд Трамп не е“, нагласува Кетлин Кингсбери од Њујорк Тајмс.

Ве поканувам да го причитате или да го ислушате нашето мислењето на уредничкиот борд објавено под наслов „Камала Харис е единствениот патриотски избор за претседателка“ објавен на 30 септември.

„И ве молам, излезете на гласање“, апелираше Кетлин Кингсбери.

Зачлени се на нашиот е-билтен