САД продолжуваат да и обезбедуваат на Украина нови системи за оружје кои веќе се на пат кон фронтот
Американската заменик државна секретарка за политички прашања, Викторија Нуланд, изјави дека е инспирирана од решителноста на Украина и дека е уверена дека рускиот диктатор Владимир Путин оваа 2024 година ќе го чекаат „пријатни изненадувања“ на бојното поле, објави Укринформ.
-Морам да кажам дека го напуштам Киев со поголема надеж за единството и решителноста во 2024 година, како и за неговата апсолутна стратешка важност за Украина. Заминувам поуверена, дека токму во моментот, кога Украина ја зацврстува својата одбрана Путин ќе добие некои пријатни изненадувања на бојното поле и дека Украина годинава ќе постигне многу сериозни успеси, рече Нуланд на брифинг во Киев.
Таа додаде дека САД продолжуваат да и обезбедуваат на Украина нови системи за оружје кои веќе се на пат кон фронтот.
Нуланд во Киев се сретна со шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.