Орентал Џејмс Симпсон, поранешна ѕвезда на американскиот фудбал, попознат како О Џеј Симпсон, почина синоќа на 76 годишна возраст после борба со ракот.
Во 1980-те и 1990-те Симпсон стана мега популарна ѕвезда како фудбалер и актер во филмови и реклами.
Во 1994 година тој сепак остана запаметен по еден друг, немил настан – обвинението за убиство на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон, и нејзиниот пријател Роналд Голдман. Во 1995 година поротата утврди дека тој не е виновен за убиствата извршени со бодење.
Судењето беше емитувано во живо на националната телевизија и го задржи вниманието на јавноста со години.
Интересно е тоа што по завршувањето на ова судење никој никогаш не беше осуден за ова злосторство.

