Оперативната команда на Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти за третата успешна испорака на хуманитарна помош во северниот дел на Газа, извршена од воздухопловните сили на ОАЕ и на Египет, јавија медиумите во ОАЕ.
Обезбедувањето поддршка е дел од иницијативата насочена кон ублажување на страдањата на опустошениот од војната палестински народ. Заеднички тимови од двете земји ја изведоа операцијата со авиони кои превезуваа околу 38 тони храна и медицинска помош. Вкупниот обем на испораки преку иницијативата достигна 116 тони од нејзиниот почеток.
Иницијативата наречена „Птици на добрината“ е дел од хуманитарната операција „Храбар витез 3“, која беше покрената на 5 ноември по налог на претседателот Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Оваа хуманитарна операција ја одразува решеноста на ОАЕ и Египет да ги дадат сите форми на хуманитарна поддршка на палестинскиот народ и да ги надминат тешкотиите за да се олеснат страдањата на Палестинците.