Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОАЕ „згрозени“ од тоа што Хамас земаат заложници

 Обединетите Арапски Емирати денеска ги осудија нападите на Хамас, оценувајќи ги како „сериозна и тешка ескалација“, пренесува Скај Њуз.

Министерство за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека е „згрозено“ од извештаите за земање заложници.

Земјата ги повика двете страни да „деескалираат и да избегнат проширување на грозоморното насилство со трагични последици“.

Меѓународната заедница „не смее да дозволи нихилистичко уништување да надвладее во регионот чиј народ веќе претрпе доволно војна и трауми“, велат од Министерството.

Во соопштението уште се повикува на враќање на преговорите, базирани на „решение за две држави“.

Зачлени се на нашиот е-билтен