Обилни дождови и силни ветрови во Италија, повеќе од 6.000 луѓе изолирани поради лавина

Италија денеска ја зафатија обилни дождови и силни ветрови, а портокаловиот метео аларм е во сила во два региона – Емилија Ромања и Пиемонте.

Во северозападниот алпски регион Вал д’Аоста, повеќе од 6.000 луѓе кои живеат во горните делови на долината Гресони се изолирани поради лавина, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Жолтиот метео аларм е во сила во 13 италијански региони – Абруцо, Базиликата, Калабрија, Кампанија, Молизе, Апуља, Лацио, Ломбардија, Сардинија, Сицилија, Тоскана, Умбрија и Венето. 

Зачлени се на нашиот е-билтен