Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Објавен идентитетот на дел од жртвите во несреќата во Нови Сад

Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина денеска во несреќата во Нови Сад кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.

Српските медиуми вечерва ја објавија листата на осумтемина идентификувани лица чии тела беа извлечени од под уранатините.

Претходно и Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, објави дека се идентификувани седум од загинатите. Таму покрај иницијалите на две женски лица А. Р. (2004) и А. Ќ. S. (1989), беа наведени и пет машки лица H. S. (1997), M. M. (2003), Ш. Ѓ. (1947), Р. В. (1955) и С. В. Меѓутоа и тука ја немаше годината на раѓање на лицето С.В.

Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија српските медиуми:

  • Васко Саздовски од Македонија (возраста и местото на живеење засега се непознати)
  • Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
  • Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
  • Стефан Хрка (27) од Белград
  • Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
  • Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
  • Вукашин Раковиќ (69) од Буковац

Сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад вечерва упатија македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Во Србија е прогласена тридневна жалост.

Зачлени се на нашиот е-билтен