Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Обновен е пристапот до Интернет во Сенегал

 Обновен е пристапот до Интернет во Сенегал, два дена откако владата воведе рестрикции и ги одложи претседателските избори во земјата, што беа закажани за 25 февруари, соопшти организацијата за набљудување на Интернет НетБлокс, цитирана од британските медиуми.

„Останува нејасно дали закрепнувањето на Интернет ќе продолжи“, објави групата.

Властите во оваа африканска земја во неделата вечерта привремено го исклучија мобилниот интернет, по одлуката на претседателот Меки Сал да ги одложи изборите закажани за 25 февруари, што предизвика протести во главниот град Дакар.

Пратениците во парламентот во понеделникот гласаа за одржување на гласањето на 15 декември, со што се одобри продолжување на мандатот на Сал, што предизвика загриженост кај меѓународната заедница и наиде на критики од опозицијата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен