Обвинителството доправа ќе го бара виновникот за ѓубрето по Скопје, и на Мицкоски меѓу двата изборни круга „му светна“

Од Владата зачудено велат дека алармантна била состојбата со ѓубрето во метрополата. Да потсетиме дека речиси сите институции задолжени за справување со хигиената во Скопје се во надлежност на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ..

Основното јавно обвинителство Скопје ја информираше јавноста дека ќе преземе дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со ѓубрето во Скопје.

Од ЈОРСМ, велат дека јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“.

Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба.

Во меѓувреме и владата предводена од Христијан Мицкоски побраза и го „претрка“ ОЈО со соопштение до јавноста во кое пишува дека го задолжила Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.  

Од Владата зачудено велат дека алармантна била состојбата со ѓубрето во метрополата во истата таа каде сите институции се под нивна контрола.

„Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување, ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата“, се наведува во соопштението испратено од владината прес-служба.

Зачлени се на нашиот е-билтен