Очилата на Макрон од 659 евра предизвикаа бум на берзата

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, иронично го коментираше изгледот на Макрон, прашувајќи што се случило со францускиот претседател додека носел „убави очила за сонце“.

Акциите на италијанската компанија iVision Tech пораснаа за 28 проценти откако францускиот претседател Емануел Макрон ги носеше очилата за сонце на производителот на Светскиот економски форум во Давос. Зголеменото внимание на јавноста и реакциите на социјалните мрежи придонесоа за раст на пазарната вредност на компанијата за околу 4,1 милиони долари, пишува Форбс.

Станува збор за пилотскиот модел „Pacific S 01 Double Gold“, бренд Henri Julien, кој е во сопственост на iVision Tech од 2023 година.

Цената на очилата е 659 евра, или околу 775 долари.

Како што изјави претседателот на компанијата, Стефано Фулсир, Макрон ги поседува овие очила од 2024 година, кога ги купил за време на самитот на Г20 како дипломатски подарок, а подоцна стекнал и дополнителен пар за лична употреба, пренесува Танјуг.

Макрон носеше очила за да го покрие скршениот капилар на десното око, што го опиша како безопасен здравствен проблем.

Неговиот изглед набрзо стана предмет на бројни коментари и шеги на интернет, со споредби со ликови од филмови како „Топ Ган“, „Кобра“ и „Терминатор“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, иронично го коментираше изгледот на Макрон, прашувајќи што се случило со францускиот претседател додека носел „убави очила за сонце“.

Според достапните податоци, компанијата iVision Tech ја зголемила својата пазарна вредност за околу 4,1 милиони долари благодарение на растот на своите акции.

Зачлени се на нашиот е-билтен