Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОЦХА: Нема да учествуваме во насилна евакуација на населението од Рафа

 Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) не добила никаква информација од Израел за планот за евакуација на населението од подрачјето околу градот Рафа и секако нема да учествува во присилна евакуација.

– Не добивме никаква официјална комуникација од израелски официјални лица. Без оглед на тоа, ОН не учествуваат во принудни, недоброволни евакуации. Во моментов, нема план за олеснување на евакуацијата на цивилите, изјави портпаролот на ОЦХА, Јенс Лаерке.

Претходно, портпаролот на израелската Влада Ејлон Леви ги повика агенциите на ОН да „соработуваат со напорите на Израел да ги заштити цивилите од Хамас и да ги евакуира од воената зона каде терористите се обидуваат да ги користат како жив штит“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен