Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Оцука: Најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина

Ова војна започна во 2014 година кога Русиа незаконски го окупираше Крим и го поддржа воениот конфликт во регионот на Донбас, изјави јапонскиот амбасадор . Н. Е Казуја Оцука на денешна  конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

-Се сеќавам на фотографиите на паднатите херои во тоа време кои ги видов во Киев на Sидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина во руско-украинската војна. Ние најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина, како што изјавија премиерот Кишида и министерот за надворешни работи Хајаши во својство на претседавач со состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, истакна Оцука.

Амбасадорот Оцука уште подвлече и дека постапките на Русија се јасно и флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.

Зачлени се на нашиот е-билтен