Неколку профили специјализирани за часовници и накит, на социјалните мрежи пласираа објав на кои се гледа какви часовници носат претседателите и премиерите на 15ина земји членки на НАТО.
Меѓу часовниците има разни марки и модели, има аналогни и „паметни часовници“ но и има и такви кои се посебно направени и ги нема во продажба.
Американскиот претседател Доналд Трамп носи часовник „Вехерон Констант“ вреден 15.000 долари. Часовник кој вреди иденитчно, но од брендот IWC Шафхаузен носи словачкиот прмиер Роберт Фицо.
Убедливо најскап часовник носи премиерот на Белгија кој вреди 19.000 долари.
Од друга страна, најевтини часовници носат државниците на скандинавските земји.
Премиерката на Данска носи локален бренд Скаген кој чини 125 долари а нејзиниот норвешки колега има Своч кој чини само 84 долари.
Државниците на Германија, Италија, Естонија и Чешка носат Ејпл Воч кои чинат по 250 долари.
Турскиот претседател пак, Реџеп Таип Ердоган носи часовник кој е посебно направен по нарачка по повод неуспешниот воен удар од 2015 година и истиот не е во продажба, па оттаму не се знае неговата цена.
Каде е Мицкоски на листата?
На листата се наоѓа и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
За него е наведено дека носи модел на IWC Шафхаузен (Портофино) кој чини нешто помалку од 7.000 долари (6.900) што го става Мицкоски во горниот дел од табелата.
Часовници со слична вредност на оној на Мицкоски носат и Мицотакис и Мерц, додека Еди Рама има нешто поевтин часовник кој чини 4.700 долари.