Од Брeд Пит до TikTok инфлуенсери – зошто сите сакаат Labubu?

Labubu – симпатичните, но и „грди“ чудовишта со заби и зајачки уши – веќе не се само играчки за деца или моден детаљ на познатите. Сè повеќе мажи низ светот ги носат како модни додатоци или ги собираат како вредни колекционерски парчиња, и покрај тоа што често предизвикуваат поделени реакции.

Њујоршкиот инфлуенсер Боби Солез стана познат на TikTok токму поради видеата во кои ги отвора „кутии изненадувања“ со Labubu. „Кога ќе го носам со себе, луѓето ме гледаат чудно, но младите веднаш препознаваат за што станува збор“, вели тој.

„Грди и слатки“ и неодоливи

Labubu ги дизајнирал хонгконшкиот уметник Касинг Лунг во 2015 година, а нивниот уникатен изглед – помеѓу грдото и слаткото – е токму она што ги прави толку привлечни. „Не ги купувате за да спиете со нив, туку за да ги покажете“, објаснува експертката Зои Фрааде-Бланар, авторка на Superfandom.

Зошто мажите ги носат?

Иако дел од критичарите сметаат дека мажите ги користат како „трик за внимание“, сопствениците велат дека едноставно уживаат во нив. За некои, Labubu е начин да се изразат, а за други – модерен и колекционерски предмет со кој се чувствуваат посигурни. „Ова е речиси начин за градење самодоверба“, вели Солез.

Повеќе од обична играчка

Labubu се и профитабилен бизнис – се распродаваат веднаш, а на секундарниот пазар достигнуваат и до 150.000 долари. Милони луѓе ги следат видеата со нивно отпакување, претворајќи ја куповината во дигитална содржина што носи заработка.

Од TikTok до црвениот тепих

Трендот одамна ја надмина интернет-заедницата. Дури и ѕвезди како Бред Пит се појавуваат со Labubu, покажувајќи дека овие „грди-слатки“ суштества станаа симбол на современата поп-култура.

Зачлени се на нашиот е-билтен