Од денеска строго се казнува користење на слушалки и телефони во сообраќајот

Од денеска стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кои пешаците, велосипедистите, возачите на електрични тротинети и мотоцикли не смеат да носат слушалки во двете уши ниту да гледаат во мобилен телефон, таблет или друг електронски уред додека се движат по патиштата.

Целта на овие законски измени е да се намали бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимателно однесување и да се зголеми безбедноста на најранливите категории учесници во сообраќајот.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелираат до сите граѓани да ги почитуваат новите правила: „Ова подразбира поставување нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот и учество во него без електронски уреди кои го одвлекуваат вниманието.“

Со ова, казните за прекршување на правилата се неизбежни, а законските измени треба да помогнат секој да стигне дома безбедно.

Зачлени се на нашиот е-билтен