Од граничните премини кон соседна Грција, за сообраќај во моментов е отворен само Дојран.
- Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12 часот.
- Богородица е во прекин од 11 часот поради штрајк на грчките земјоделци.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на граничниот премин Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути.
Возачите се советуваат да ги следат актуелните информации и да планираат соодветно патувањето.

