Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од конференција за мир и развој по повод Преспанскиот договор: Вистинското лидерство не е за власта, туку за поттикнување доверба и градење мостови

Со пораките за добредојде на Венко Филипче и Евангелос Калпадакис, во името на Фондацијата Заев – едно општество за сите и на Институтот Алексис Ципрас, започна дводневната Меѓунардна конференција за мир и одржлив развој во Атина, по повод 6 години од Преспанскиот договор.

Евенагелос Калпадакис во своето обраќање истакна дека „во 2018 година, тогаш премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев,  се обединија околу принципот дека политичарите имаат одговорност да ги решаваат отворените прашања и проблеми“.

„Ципрас и Заев одлучија да не ги одложуваат и да им ги оставаат проблемите на идните генерации, туку да најдат решение за проблемот што три децении ги блокираше односите на двете земји. Така беше постигнат Преспанскиот договор кој отвори нова историска страница во односите меѓу двете земји“, нагласи Калпадакис од Институтот Алексис Ципрас.

Д-р Венко Филипче, во името на Фондацијата Заев, посочи дека Меѓународната конференција за мир и одржлив развој го „отелотворува духот на Договорот од Преспа – значајно достигнување во стремежот за мир и соработка“.

„Договорот од Преспа е жив доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè. Тоа го одбележа историскиот момент кога конфликтот беше трансформиран во соработка со визија за хармонична иднина. Тоа нè потсетува дека вистинското лидерство не е за држење на власта, туку за поттикнување доверба и градење мостови“, истакна Филипче.

Во овој дух, потенцираше „Филипче Фондацијата Заев и Институтот Алексис Ципрас се посветени на негувањето на вредностите кои се во основата на Договорот од Преспа со мисија да промовираме мир, да го унапредиме одржливиот раст и да поттикнеме средина каде што се слуша секој глас“.

По свеченото отворање конференцијата продолжи според предвидената агенда со темите како што се „Каде оди Европа (и Грција)? Предизвици за раст и социјална кохезија“, „Регионалните случувања во Источниот Медитеран и Југоисточна Европа. Какви се изгледите за мир и стабилност по војните во Газа и Украина?“.

Посебно место на конференцијата има Преспанскиот договор со дебатата на тема „Преговорите кои доведоа до Договорот и неговото спроведување шест години подоцна. Дали Договорот од Преспа е модел за мирно решавање на споровите?“, на којашто се надоврзува сесијата посветена на темата „Пристапната перспектива на Западен Балкан и неговото значење за иднината на Европа. Дали сме во период на стагнација или градење нов моментум?“.

Во попладениот дел од конференцијата, на која преку видео врска ќе се обрати и Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, на специјалниот претставник на ОН во преговорите меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, кој учествува на конференцијата, ќе му биде врачена „Наградата од Преспа“ за неговиот придонес за постигнувањето на Преспанскиот договор.

Треба да знаете
Moже да ве интересира