Од силна влада, како што тврдеше Мицкоски, до итно заседание на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Белата палата

Откако премиерот Христијан Мицкоски му посака добро здравје на довчерашниот партнер во Владата лидерот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, свика за вечерва итно заседание на највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ во Белатла палата.

На т.н. редовна седница на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според најавите, ќе се разговара и за актуелните случувања со Арбен Таравари и неговото крило на Алијанса за Албанците, кои одлучија да ја напуштат владината коалиција и отсега да дејствуваат како опозиционери.

Највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ треба да разговара и за евентуалната смена на ресорите, во која партијата би го добила ресорот Здравство. Ваква можност вчера најави и Биљал Касами од „Вреди“.

Вчера крилото на Таравари одлучи да излезе од Владата на Мицкоски при што премиерот му посакува сѐ најдобро и дека ќе го покани на кафе во Владата за заедмп да сумираат што сѐ е направено досега.

Мицкоски уште додаде дека Владата е стабилна и ќе продолжи да работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен